Со многу надежи кон иднината Iveco објави дека станува дел од Tata Motors со што е формирана четвртата по големина светска камионска групација.
Со завршувањето на сите формалности Индијците и официјално станаа сопственици на скоро 90 отсто од акциите на Iveco за кои платија 3,8 милијарди евра. Водени со идејата дека се поголеми отколку што може да се замисли, веднаш започнаа со структурални промени но едно ќе остане исто – управата на Iveco нема да се сели од Торино. Иако тоа само по себе не значи, сепак може да се претпостави дека новиот сопственик ќе му даде сериозна слобода за одлучување на интеревропскиот производител на камиони кој во последниве години се мачеше да го пронајде вистинскиот пат.
Сега поставени цели се појасни – здружувањето треба да создаде нова глобална сила во комерцијалната мобилност со своето присуство во 130 земји и комбинирани приходи од 21 милијарди евра годишно, добиени со продажба на околу 590 илјади возила. Ќе располага со 27 производствени погони и 25 центри за истражување и развој, поддржани од мрежа од над 9.300 продажни и сервисни центри на шест континенти во кои се вработени 73 илјади луѓе. Iveco е основан пред 51 година со здружување на пет помали производители на комерцијално возила од Италија, Франција и Германија, предводени од Fiat. До овој момент држеше околу 20 отсто од европскиот пазар но во глобални рамки не можеше да се бори со конкуренцијата. Здружувањето со Tata Motors треба да му го овозможи токму тоа, посебно во регионите каде Индијците досега беа посилно присутни.


