VW – ID 5 GTX

насловна Новитети

Завесата се крева … наскоро

VW на претстојната смотра во Минхен ќе го официјализира ID 5 GTX

објавено 06. август 2021

Новиот член на семејството електрични модели е трет по ред базиран на модуларниот електричен погон MEB. Во форма на кросовер купе ID 5 GTX го надополнува семејството ID, кое претходно се состоеше од компактните ID 3 и ID 4 со извишена силуета.

Дизајнот на купе обезбедува визуелно значително понизок центар на гравитација, особено во споредба со ID 4, иако ID 5 GTX со должина од 4,61 метри, благодарение на различните браници, е само три сантиметри подолг од својот брат. Подобрата аеродинамика со батерија од 77 киловат-часови, која е единствената во понудата, ќе има автономија според WLTP до 497 километри.

Кога на тоа ќе се додадат двата електро мотори поставени на секоја оска продуцираат погон на сите тркала без кардан или спојка. Заедно тие испорачуваат системска моќност од 299 КС, што треба да го забрза целосно електричното кросовер купе до максимална брзина од 180 километри на час. Врвно остварување на ID 5 GTX ќе биде електронскиот менаџер за динамика на возење развиен од Фолксваген, кој не само што ја контролира интеракцијата на двата електромотори, туку и го поврзува погонот со контролните системи на сопирачките и подвозјето. Ги следи сите движења на ID 5 GTX без разлика дали се забрзува, сопира или вози низ свиоци.

Системот тесно соработува со ESC контролата на стабилност и контрола на погон на сите тркала. Електронското заклучување на диференцијалот XDS + исто така е поврзано со управувачот и го поддржува управувањето во брзи свиоци. Нежно ги сопира тркалата од внатрешната страна на свиокот и ја дотерува положбата на автомобилот по потреба. Електричниот погон не е пречка ID 5 GTX да ги обавува секојдневните обврски исто како и неговите конкуренти со термички мотор. Може да влече приколка оптеретена до 1400 килограми со што ја нагласува соодветноста за секојдневна употреба. ID 5 GTX ќе се произведува во Цвикау а цените ќе бидат познати следниот месец.