Херојот на електрификацијата на ревизија
Сè уште нема официјални фотографии, но скиците веќе јасно откриваат дека критикуваните дизајнерски решенија се корегирани.
Истото се однесува на употребените материјали во внатрешноста. Тоа се случува само две и пол години по дебито на моделот новите решенија ги „пеглаат“ критиките за материјалите во внатрешноста и на надворешниот изглед. Сега предницата делува поразвлечено, воедно и по спортски. На ова допринесуваат новите тркала и шемата на боите. Значително посериозни се промените во внатрешноста.
Сега внатрешната облога на вратата и горниот дел од контролната табла се направени од мек материјал, премиум централната конзола со држачи за чаши, за која претходно требаше да се плати, сега е стандардна, а има и апликации од вештачка кожа со украсни шевови. Со фејслифтот, поголем екран од 12 инчи ќе се најде во ID.3, а во иднина ќе има и функции кои се веќе достапни во моментот на купувањето и кои клиентот може да ги резервира подоцна.
VW веќе најавува дека во средината на 2024 година повторно ќе се ревидира инфозабавата и телематиката. Речиси нема промени во пакетите на опремата и погонот. Рестилизираниот ID.3 нема да биде прикажан до пролетта 2023 година а ќе почне да се испорачува од четвртиот квартал од 2023 година.


