VW Golf 8 – почна продажбата

Македонија Новитети

Достапен и опремен

Чекањето се исплатува

објавено 14. јануари 2021

По подолго исчекување кралот на компактната класа е достапен на македонскиот пазар. Неговото претставување Порше Македонија го направи пред неполна година, но поради општо познати причини почетокот на продажбата беше одложуван неколку пати. На радост на љубителите на Golf објавени се цените кои не се астрономски како што се очекуваше. Нашиот пазар е се уште ориентиран кон дизелите, а за поборниците на значката TDI понудена е верзијата Life со дво литрен мотор со 115 коњи впарен со шест степен мануелен менувач. Нивото на опременост вклучува дигитален кокпит, пакет за активна безбедност, 8,2 инчен екран а каросеријата е поставена на 16 инчни алуминиумски тркала. Вака стокмениот Golf чини 23.500 евра што е популарна цена и се движи во рамките на претходната генерација. Во изминатите десет месеци колку што е присутен на глобалниот пазар Golf покажа повеќе изведби, од електрична до потентната R. Во тек на годинава повеќето од нив ќе бидат достапни на пазарот, особено плаг-ин изведбата e-TSI чија цена е 31.950 евра.