VW – Eдна година пред предвиденото

Испорачани 500.000 ID

Од октомври 2020 година кога е предаден првиот ID 3, испорачани се половина милион припадници на семејството ID ширум светот.

Електрификацијата кај VW, иако со многу предизвици, се одвива со брзо темпо. Една година пред предвидената динамика од Волфсбург информираа дека ја достигнале проектираната количина од 500.000 електрични возила од гамата ID и дека се прават големи напори да се испорачаат заостанатиот број на нарачки, кој е голем. Имено, Volkswagen прави сé што може, што е можно побрзо,  да достави уште приближно 135.000 ID модели што се нарачани од купувачите. Сепак, сè уште напнатата ситуација со снабдувањето со делови постојано води до прилагодување на производството. Volkswagen гледа на семејството ID како на пионер во областа на софтверската интеграција. Производителот континуирано им обезбедува ажурирања на сопствениците на своите електрични возила „преку воздух“. На овој начин, автомобилот останува ажуриран во текот на својот животен циклус и постојано се подобрува со нови функции. Модуларниот комплет за електричен погон (MEB) е клучен за забрзаното засилување на глобалната електрична офанзива на компанијата. Архитектурата на возилото од Volkswagen, специјално развиена за електричен погон, нуди долг досег и многу внатрешен простор. MEB е техничката основа за целосно електричните и целосно поврзаните автомобили на семејството ID. Фокусирајќи се на чисто електричниот погон и употребливоста за возила од различни класи во целата групација Volkswagen, MEB овозможува економии на обем и на тој начин ги намалува трошоците за е-мобилност.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER