VW активно бара партнери за помош во неговата амбициозна цел да создаде електрично возило поевтино од 20.000 евра
Изминатиов април, VW ја објави својата намера да развие компактно електрично возило со цена под 20.000 евра. Сепак, извршниот директор на Групацијата Оливер Блумe минатиот месец изрази несигурност за можноста за постигнување на оваа цел, voedno да се одржи профитабилноста, но можеби ќе може со мала помош од своите пријатели. VW во моментов истражува потенцијални партнери заинтересирани за соработка на овој проект.
Првите согледувања сугерираат дека компанијата е во прелиминарни разговори со Renault во врска со потенцијалната соработка на оваа платформа. Иако VW одби да коментира, Renault изјави дека соработката на изработка на мали електрични возила е неопходна за да се биде конкурентен на пазарот. Двете компании моментално спроведуваат мерки за намалување на трошоците, со оглед на предизвиците што ги носи развојот на електричните возила и забавувањето на продажбата на автомобилите.
VW постави цел да генерира заштеди од 10 милијарди евра до 2026 година, додека Renault се стреми да ги намали трошоците за производство на ЕВ за 50% преку употреба на вештачка интелигенција. Покрај производителите на автомобили, и потрошувачите сé повеќе се фокусираат на смалување на трошењето. Цените станаа голема грижа за потенцијалните европски купувачи на ЕВ бидејќи просечната цена на истите на Стариот континент надминува 65.000 евра. Како резултат на тоа, и VW и Renault, имаат силен поттик да развијат електрично возило кое е навистина прифатливо. Двете компании имаат за цел да произведуваат годишно помеѓу 200.000 и 250.000 ЕВ поевтини од 20.000 евра.