VW и Ford го потпишаа договорот за соработка

Top News Вести

VW и Ford го потпишаа договорот за соработка

Објавено на 11 јуни 2020 година

Со потпишувањето на договорот, лани ова време најавената соработка меѓу Volkswagen и Ford се официјализираше. Според него двете компании ги здружуваат силите на три полиња. Главниот акцент е ставен на комерцијалните возила и предвидува нивни заеднички развој и производство. Идната година Ford ќе го замени веќе остарениот Transit Connect со модел кој ќе биде базиран на новата генерација на Caddy. Во 2022-рата ќе следи пикапот Amarok за кој ќе биде искористена платформата на Ford Ranger. Нешто после тоа се очекува и нова генерација на еднотонски доставни возила за кои ќе биде задолжен Ford. Предвидено е овие модели во текот на својот животен циклус да бидат произведени во вкупно 8 милиони примероци. Второто поле на соработка ќе бидат електричните возила, при што Volkswagen почнувајќи од 2023 година ќе му ја отстапи својата наменска платформа на Ford. Соработката со која ќе се заштедат милијарди евра ќе биде заокружена со заеднички инвестиции со компанијата Argo AI во развојот на автономни возила. Во соопштението за јавност дополнително е објаснето дека овој договор не предвидува никакво здружување или пак размена на акции меѓу Volkswagen и Ford, како и тоа дека двете компании и понатаму пазарно ќе делуваат независно како конкуренти.

клучни зборови: ,