Време е за освежување
За да и понатаму биде конкурентна, на Škoda Fabia и е потребен фејслифтинг
Објавено на 20 јануари 2018 година
Дојде време третата генерација на Škoda Fabia која е на пазарот од 2014 година да биде освежена. Според официјални информации, таа во март годинава на салонот во Женева ќе добие нови ЛЕД предни светла, дотерани маска и браник и помали измени на задниот дел. Се наведуваат корекции и во внатрешноста, како и нови Simply Clever опции без конкретни детали. Што се однесува до моторите, обновената Fabia ќе го добие 1,5 литарскиот TSi бензинец кој веќе се вградува во новите Polo и Ibiza. Ниту рестилизираната Fabia нема да биде достапна во спортското RS издание бидејќи Чесите сметаат дека побарувачката за еден ваков модел не би го оправдала вложениот труд за негова подготовка.
Fabia минатата година се продаде во 206.500 примероци (+2,1 отсто во споредба со 2016-та), кои ја направија трет по значење модел во гамата на Škoda, после Octavia и Rapid.