Volvo EX90 – Конечно, започна производството

Во време кога другите производители заради послабата продажба ги корегираат плановите  за целосна електрификација, Volvo е еден од ретките кој останува доследен на своето.

Volvo ов теза ја докажува и со лансирањето на големиот EX90 чие производство стартуваше во сојузната американска држава Јужна Каролина.

Овој модел е предводник не само на гамата туку и на иднината на марката. Располага со софистицирани компјутерски системи кои се грижат за безбедноста преку камери за надгледување на околината во 360 степени, пет радари и 16 ултразвучни сензори.

Големата платформа му обезбедува простор за три реда седишта, а најсилната верзија своите 517 коњски сили ги претвора во забрзување до 100 километри на час за 4,9 секунди. Во понуда се уште две други варијанти, со 279 коњи и погон само на задните тркала и со два електромотора и максимални 408 коњски сили. Автономијата без разлика на изведбата се движи околу 600 километри.

Но она по што ќе остане запишан во историјата е дека ќе биде првиот автомобил со пасош кој ќе ги содржи сите податоци за потеклото на суровините и компонентите, содржината на рециклиран материјал и јагленородниот отисок. Овој документ кој ќе стане задолжителен за сите електрични возила од 2027 година ќе чини десет американски долари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER