Volvo – Embla

насловна Поглед во иднината

Митолошко-технолошка комбинација

Почетокот на новата ера се означува со нова платформа и електричен погон

Според скандинавската митологија Embla е првата жена создадена од боговите, еквивалент на Ева. Во шведскиот јазик се користи за дрвото брест. Тоа дава јасна асоцијација дека замената на ХС90 ќе биде првиот 100% електричен модел на Volvo развиен на нова платформа. Embla е име прилично соодветно за еден од најважните модели на Volvo што треба да се појави на пазарот. Досега Volvo само ги приспособуваше своите архитектури со мотори со согорување за работа во тандем со батерии и електрични мотори.

Идниот модел е базиран на платформата SPA2, првата на компанијата посветена исклучиво на електричните возила. Embla ќе се произведува во САД, рамо до рамо со Polestar 3. Ова се поклопува со информацијата дека следниот јули новата генерација на XC90 ќе добие соодветно име. Очигледно, ништо не е поскандинавско и посоодветно да се именува новото Volvo од првата жена во светот. Платформата SPA2 ќе нуди V2G (vehicle-to-load) способност, што значи дека електричното спортско-корисно возило не само што ќе се полни со електрична енергија, туку истата, по потреба,  да ја „донира“ на куќи или други електрични автомобили кога тоа е неопходно.

Архитектурата ќе користи LiDAR за да постигне автономија на возење Ниво 4 кога софтверот за тоа ќе биде подготвен. За разлика од Polestar 3, кој ќе биде помоќен и ќе има само два реда седишта, Embla ќе има три реда за превоз на седум или повеќе патници. Доколку сé тече по според планот, идното лето ќе ги знаеме конечните спецификации, автономијата и цените.