Volvo Cars Macedonia » Изберете автомобил од дома

Изберете автомобил од дома

Изборот на нов автомобил е задоволство кое не смее да го наруши ниту жешкото сонце

Објавено на 1 август 2019 година

Нова можност за сите заинтересирани за нов Volvo автомобил – тие него отсега ќе можат да го конфигурираат во пријатен амбиент од дома, со помош на онлајн конфигураторот кој веќе е активен на официјалниот сајт на шведската марка. Сосема нов и софистициран, тој претставува корисна алатка при изборот на нов автомобил бидејќи ги нуди апсолутно сите стандардни и дополнителни опции за секој модел и секој купувач на многу лесен начин може сосема сам, без помош од продажниот персонал, да го креира својот нов Volvo автомобил според желбите и потребите. Првите чекори вклучуваат бирање на модел, пакет на опрема и боја, а потоа се преминува на деталите – тркала, тапацир, внатрешен и надворешен изглед, како и многуте пакети на опционална опрема. Од огромна помош при изборот се деталните објаснувања и спецификации за секоја понудена опција, а на крајот на постапката се добива 3-Д модел на одбраниот автомобил и детална спецификација за сите избрани ставки. Потоа со само еден клик се праќа барање за понуда со цена за одбраниот автомобил, како и барање за тест возење. Сите барања стигнуваат директно кај тимот за продажба на Volvo Cars Macedonia кои одговараат веднаш и остваруваат контакт со купувачот за да закажат термин за тест возење.

Проверете и сами како функционира овој конфигуратор на следниов линк: https://www.volvocars.com/mk/build.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER