Volvo Cars » Freedom to Move караванот во Скопје

Volvo Cars Freedom to Move караванот во Скопје

И не само тоа – на денешната средба со претставниците на медиумите ексклузивниот увозник на Volvo за Македонија – Премиум АГС од Скопје нѝ кажа и други интересни работи

објавено на 22 мај 2019 година

Volvo Cars Freedom to Move караванот е нешто сосема ново за нас и како такво нѝ го привлече вниманието. И не само нашето – во текот на трите дена колку што ќе престојува во Македонија, од Volvo очекуваат преку 100 тест возења на сите модели на марката, како и повеќе илјади посетители. Прво што тие ќе го забележат е модерниот Pop-Up Showroom направен по највисоките стандарди. Познавачите на марката пак ќе ги заинтересира тоа што за првпат во Македонија можат да се запознаат со новите S60 и V60 Cross Country. Во разговорот со нас, од Volvo Cars Macedonia најавија дека во финална фаза е и изградбата на првиот специјализиран салон за Volvo во Македонија, чие свеченото отворање се очекува да биде при крајот на јуни.

Freedom to Move караванот ќе биде поставен пред Скопје Сити Мол и во утре од 10 часот, а освен што можат да се разгледаат автомобилите и да се направи тест возење, секој заинтересиран може да се запознаете и со E.V.A. иницијативата на Volvo – проект кој има за цел еднакви возила за сите. Volvo Cars преку оваа иницијативата ги сподели со целиот свет драгоцените податоци од нивните 40-годишни тестови и истражувања во областа на безбедноста, а од сега секој може да учествува и во специјалниот натпревар на Volvo – да придонесе за безбедноста во сообраќајот и да добие награда патување за двајца во Гетеборг. Како квалитетно дополнување, секој заинтересиран може токму во Pop-Up салонот на Volvo пред Скопје Сити Мол да го побара специјалниот формулар за учество во натпреварот, да ја даде својата идеа за која мисли дека може да придонесе во безбедноста на сообраќајот и со тоа да отпатува во домот на Volvo Cars во Шведска.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER