Volvo :: Последни дизели, први електрични возила

Последни дизели, први електрични возила

Годинава е преломна за Volvo во однос на погонските технологии

Објавено на 1 април 2019 година

Две навидум спротивставени, но во суштина логични вести пристигнаа од Volvo. Втората која е позначајна е дека годинава ќе биде претставена електричната верзија на XC 40. Нејзиниот развој е при крај и таа после серија интензивни тестирања ќе биде претставена во четвртиот квартал. Овој модел уште при неговото создавање беше планиран да биде електричен, заради што и платформата му е прилагодена да прими ваков погонски склоп. Таа заеднички е развиена со Lynk & Co, кој има големи планови за освојување на Европа токму со електричните возила. Ако се цени прогресивно, електричниот XC40 може да биде доста конкурентен на пазарот бидејќи сегашните модели од оваа класа се поголеми од него. Volvo има намера автомобилите со електричен погон да учествуваат со 50 проценти во глобалната продажба до 2025 година, а XC40 очигледно треба да има исклучително важна улога во нивното остварување.

Но пред да се случи тоа, Volvo ќе ја претстави својата последна генерација дизели. Нивниот развој беше започнат пред марката да се определи сосема да ги исфрли од понудата, во која тие ќе останат уште 5 до 6 години. Прв модел предвиден без нив ќе биде S60 кој се произведува во САД, но останатите ќе ја имаат дизелската поддршка во транзицискиот период. Деталите за новите дизели ќе ги дознаеме во јуни, кога ќе слушнеме и за кои модели се предвидени.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER