Volkswagen T-Cross (со видео)
Ќе има ли најмалиот SUV на VW погон на сите тркала, ќе дознаеме утре
Објавено на 24 октомври 2018 година
Помалку од два дена останаа до појавувањето на Volkswagen T-Cross, најмалиот член на SUV семејството на најголемиот светски производител на возила. Утре вечер по наше време ќе се знае колку од својата храброст Германците имаат искористено во овој модел направен на основа на Polo, со кој ќе ја дели механиката и бројни технологии. Патот низ пазарните води малку му ги зачисти Seat Arona, за која добро знаеме дека нема погон на сите тркала. Токму тоа е и најголемото прашање кое VW ќе треба да им го одговори на поклониците, кои веќе се убедени дека T-Cross ќе биде возило по нивна мерка.