Volkswagen и Rivian станаа партнери

Двете компании ги здружија силите за нови електрични возила

Стратешки размислувајќи, Volkswagen и Rivian се договорија за сеопфатно партнерство за создавање платформа за електрични возила од наредната генерација и софтвер за нив. Целта како и секогаш е намалувањето на трошоците, кратење на времето за развој и подобрување на перформансите.  Со работа ќе се започне доста брзо, веќе пред крајот на годинава до кога Германците ќе ја вложат првата од планираните пет милијарди долари. Тоа ќе ги намали проблемите на VW бидејќи нивната сопствена дивизија Cariad не ги оправда очекувањата доцнејќи со развојот и финото подесување на софтверот. Rivian пак кој е пред голем предизвик заради големите трошоци ќе го намали  финансискиот притисок на своето работење, што ќе го олесни воведувањето на R2 и R3 во производство.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER