Префинет стил, подобра вредност за парите
Пред крајот на својот животен пат, седмата генерација на Jetta доби низа подобрувања. Прогонет од Европа, овој модел на Volkswagen уште од своето дебитирање поседуваше победничка комбинација на стил, квалитет и практични вредности кои го задржаа како бестселер на марката во Северна Америка. Освежена за моделската 2025-та година, Jetta сега се истакнува со ажуриран изглед, модернизиран ентериер и нешто малку нови технологии. Конзервативниот изглед сé уште балансира меѓу препознатливото и модерното. Ревидираната маска е обрабена со осветлена лента достапна кај повисоките пакети опрема, која се среќава и назад донесувајќи нишка елеганција.
Во внатрешноста Jetta доби нови дизајн на инструмент таблата и поинакви декоративни бои за целиот асортиман. Нов секако е и инфо-забавниот систем, пакетите опрема се збогатени, бројот безбедносни електронски асистенти зголемен а под хаубата скоро сé остана исто. Турбо 1,5 литарскиот мотор сега е спарен само со осумстепена автоматика, додека спортската GLi верзија задвижувана со дволитарски агрегат од 228 KS може да се добие со шестстепен мануелен менувач или седумстепена автоматизирана трансмисија со двојна спојка. Доби и поголеми сопирачки, електронски контролиран диференцијал со ограничено пролизгување, адаптивно ослонување и единствен спортски издувен систем.
Обновената линија на Jetta се очекува да стигне кај американските дилери до крајот на третиот квартал по цена од 21.995 долари која е пониска отколку сегашниот модел со автоматски менувач.




