Volkswagen – ID.4 GTX

насловна Новитети

Повеќе моќ за победникот

Најновиот дериват на ID.4 нуди погон на сите тркала и повеќе сила

објавено 03. мај 2021

Електричниот Volkswagen ID.4 штотуку освои ловорики како „Светски автомобил на годината“, а сега станува уште поинтересен. Верзијата GTX е аналогна на GTI кај бензинците. Тоа не значи дека се направени само оптички модификации, туку и позиционирањето се манифестира преку значително подобри вредности на возење. Кај ID.4 GTX засилувањето доаѓа од двата електромотори со вкупна моќност од 299 КС кои се пренесуваат на сите четири тркала. Струјата се складира во батерија од 77 kWh, што би требало да обезбеди опсег до околу 480 километри. Во споредба со ”обичниот“ ID.4, GTX го совладува спринтот до стотка  за 6,2 секунди и забрзува до 180 км/ч. Визуелно, GTX се разликува од своите сестрински модели со 20 или 21 инчни тркала и модифициран концепт на биколорност со црна боја на покривот.

Внатрешноста исто така е изменета. Тука црвените ленти го подвлекуваат темпераментот на овој семеен автомобил. Како и со другите изведби просторот е одличен, а заедно со неговиот пристоен опсег, ID.4 GTX се разликува меѓу електричните автомобили како идеален, брз семеен автомобил. Гледано од овој агол, името на моделот е исто така убаво сеќавање. Бидејќи во 80-тите години веќе постоеше особено моќна семејна лимузина VW Jetta GTX. Сепак, таа беше поевтина од 50.000 евра  колку што чини ID.4 GTX чија продажба започнува летово.