Volkswagen ID.3 GTX & ID.7 GTX Tourer GTX – Двојна премиера

Со заедничкото претставување на ID.3 GTX & ID.7 GTX Tourer GTX, VW  проширува својата палета на спортски електрични модели

Дали GTX станува алтер его на GTI? Уште од 2021-ва најсилните модели од целосно електричната гама ID ја носат ознаката GTX. Додека сè уште чекаме електричен сериски автомобил со брендот GTI кој е најавен да се појави во блиска иднина, VW организира заедничко претставување на ID.3 GTX & ID.7 GTX Tourer GTX, модели кои треба да ги задоволат апетитите на сите што се навикнати на благодетите што ги нудеа класичните GTI изданија – перформанси и опременост.

Компактниот ID.3 GTX е поделен во две изданија. Разликата е во моќноста. Основниот модел го задвижува електро мотор од 282 КС, 545 Nm, ја „лови стотка“ за шест секунди и достигнува максимални 180 км/ч. Кај изведбата ID.3 GTX Performance, моторот со ист вртежен момент развива 322 коњи,  спринтот го совладува за 5,6 секунди и достигнува максимални 200 км/ч, перформанси подобри од реперот во класата, Tesla Model 3.

Двата модели работат со еднобрзински менувачи и ја добиваат истата батерија од 79 kWh за која се тврди дека нуди 600 километри автономија и може да се полни со 175 kW. Секоја верзија добива ревизии на суспензијата за да одговара на дополнителните карактеристики и нивните жешки перформанси. VW покажа повеќе труд во интериерот. Рака на срце, нема тапацир со карирана ткаенина, но вклучени се црвени шевови и хромирани GTX букви на спортскиот волан, GTX логоа на спортските седишта и опција за надградба на ergoActive седишта за перформанси со интегрирани потпирачи за глава, електрично прилагодување и прилагодлива поддршка за бутовите.

Вклучен е 12,9 инчен екран на допир со редизајниран систем на мени со гласовниот асистент на ChatGPT кој во VW се шири низ неговите модели. Само во рок од еден месец, VW го лансира караванот ID7, а сега и неговата GTX верзија. Клучната разлика помеѓу новиот GTX и стандардниот ID.7 Tourer е во предниот дел на погонската група.

Поддршката на моделот е литиум-јонска батерија со капацитет од 86 kWh која овозможува брзини на полнење до 200 kW, што овозможува да се наполни од 10 до 80% за помалку од 30 минути. Оваа батерија обезбедува струја за два електрични мотори кои го прават овој најмоќниот електричен автомобил на VW досега. Предните и задните мотори се комбинираат за да произведат 335 КС, 54 коњи повеќе во однос ID.7 Tourer Pro со погон на задните тркала.

Предниот електричен мотор може да започне да дејствува за делови од секунда во зависност од потребите за моќност и сценариото за возење. Моќта се пренесува на сите тркала. Иако VW не објави никакви бројки за забрзување не скри дека максималната брзина е 180 км/ч. Очекувано е што се направени мноштво визуелни измени да го разликуваат ID.7 GTX Tourer од обичниот модел. Тие вклучуваат нова саќе решетка, црни акценти со висок сјај и нови тркала од 20 инчи како стандард.

Промените продолжуваат во задниот дел со ревидиран дифузор, нови букви GTX и приспособливи 3D LED светлосни групи за задни светла кои вклучуваат осветлена значка на Volkswagen. Во кабината се наоѓаат ергономски обликувани седишта обложени во комбинација од ткаенина и велур со црвени шевови и црвени GTX натписи.

Други важни карактеристики вклучуваат head-up дисплеј со проширена реалност, новата гласовна помош IDA на VW со интеграција на ChatGPT. Вклучува и опционален Системите Park Assist Plus што овозможува автоматско паркирање, и „Поврзана помош за патување“ што вклучува одржување на лентата на движење, адаптибилна контрола на крстарењето, автономно итно сопирање и динамичен дисплеј за патни знаци е дел од опциите. Volkswagen сè уште не ја објави цената за ID.7 GTX Tourer, но наведува дека европската претпродажба ќе започне на пролет.

 

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER