Вака ќе изгледа новиот VW Golf од осмата генерација
Обично не објавуваме вакви вести, но предизвикот беше преголем
Објавено на 12 октомври 2018 година
Иако се мислеше дека заради аферата дизелгејт ќе биде отпишан, 1.6 TDi моторот со 116 коњи за идниот Volkswagen Golf ќе биде усовршен. Покрај него, главни во понудата ќе бидат и трицилиндричниот 1.0 TSi турбобензинец во верзии со 85 и 110 KS.
Вака некако започнуваат најновите шпекулативни вести за идната осма генерација на Golf, која сепак најмногу внимание привлекува со својот претпоставен дизајн за кој никој во моментов не може да каже каков ќе биде. Германските медиуми сепак со доволна доза на сигурност можат да тврдат едно или друго бидејќи минатото покажало дека однапред ја знаат иднината – најверојатно со „амин“ на VW. Затоа и не можевме да останеме рамнодушни на рендерите на Autozeitung кои се толку верни што со рака во оган можеме да тврдиме дека се фотографии на кои е прикажан идниот Golf VIII.
Впечатоците и коментарите ќе ви ги препуштиме вам.