Volkswagen го ажурираше аргентинскиот Amarok
Додека кај нас во Европа Amarok е технички близнак на Ford Ranger, Volkswagen го задржа својот модел за пазарите од Јужна Америка. Тој и понатаму се произведува во Аргентина и се очекува да остане во портфолиото на марката барем уште десет години. За подобро да ги издржи доби сеопфатно ажурирање видливо најмногу кај редизајнираниот екстериер, додека технички промени нема. Изгледот му е сосема нов и прилагоден на актуелниот корпоративен стил. Иако производството започна внатрешноста која е модернизирана уште не е обелоденета, додека моторната понуда за Јужна Америка ја сочинуваат дволитарски дизели со 140 или 180 KS и трилитарски V6 TDi со 258 коњи.
Volkswagen досега во Аргентина има произведено 740 илјади примероци од Amarok од кои две третини се извезени.