Volkswagen остана број 1 во светот

Top News Занимливости

Volkswagen остана број 1 во светот

Објавено на 5 февруари 2020 година

Откако најголемите производители на возила ги сумираа резултатите, се потврди она што се очекуваше – Volkswagen остана број 1 во светот. Според сопствените податоци германскиот авто-гигант лани ширум светот продаде 10,97 милиони возила, а Toyota за нијанса помалку – 10,74 милиони. Значајно е и тоа што и двете компании забележаа пораст на продажбата – VW за 1,3 а Toyota за 1,4 отсто. И покрај тоа што се задоволни, од Volkswagen истакнаа дека лани не им беше цел да бркаат големи производствени рекорди туку да се фокусираат на понудата, што впрочем е стратегија која Toyota ја применува со години. Сепак бројките што ги постигнаа се доволен индикатор за „здравјето” на автомобилската индустрија на глобално ниво, кое малку е нарушено со проблемите на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi која е на третата позиција со продажба од околу 10 милиони.

 

клучни зборови: ,