Визија на урбан кросовер од Škoda

skoda Vision X Новитети Поглед во иднината

Визија на урбан кросовер од Škoda

Објавено на 1 февруари 2018 година

Освен веќе најавената рестилизација на Fabia, Škoda за претстојниот салон на автомобилите во Женева ја потврди и премиерата на нов концепт. Наречен Škoda Vision X, тој претставува студија на урбан кросовер кој најавува иден сериски модел, трет ваков во гамата после Kodiaq и Karoq. Ќе биде во класата со Seat Arona, Renault Captur, Peugeot 2008 и другите. Во краткото фабричко соопштение не се наведуваат конкретни спецификации освен дека ќе има хибриден погон, 20-инчни тркала, голем панорамски покрив и слично. Впечатливи се праговите и браниците, контрастната колорна шема на каросеријата но и фундаментално новото дизајнерско изразување во ентериерот каде меѓу другото се истакнува централниот дисплеј. Во секој случај, повеќе детали нé очекуваат во наредниот период.

Škoda Vision X

клучни зборови: , , , , , ,