Жил Верн на загрепските улици

Мате Римац го претстави беспилотното такси кое ќе се одзива на името Жил Верн

Презентацијата на хрватското роботакси помина со многу локална еуфорија и глобална генерална воздржаност. Колкави и да се поврзаностите со Nevera или пак со Bugatti, самосвесното такси  возило нема ништо заедничко со нив. Или скоро ништо ако строго гледаме, освен електричниот погон и заедничкиот идеен промотор Мате Римац. А тој скромно најави дека иднината на ова такси ќе започне во Загреб и ќе се прошири за почеток уште во Германија, Велика Британија и на Блискиот Исток.

Спротивно на очекувањата дека ќе се појави во облик на постоечки автомобил дополнет под кожата со неопходните технологии сам да вози, Verne како што е официјалното име на возилото и на целокупниот проект е хечбек со сопствен визуелен идентитет. Има лизгачки странични врати кои се отвораат нанапред и само две седишта, бидејќи истражувањата покажале дека 90 отсто  од такси превозот се користи за едно или две лица. Согласно тоа внатрешноста е раскошно пространа и во неа има место за 43-инчен екран со кој патниците ќе го кратат  времето на патувањето.

Механиката целосно е непозната, а од технологиите за кои беше задолжен Mobileye е познато дека се базирани на два компјутера, тринаесет камери, девет лидари и пет радари кои му даваат ниво 4 автономни способности. Треба да се спомене и дека Verne има дисплеи на задните столбови на кои се прикажуваат кратки информации за патувањето и воопшто нема бришачи и ретровизори бидејќи не му требаат. Исто така треба да се каже и дека производството на овој автомобил и самата такси служба се издвоени во посебна компанија што е неопходно за добивање дополнителни инвестиции.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER