Kia Niro EV :: Уште еден чекор кон електрификацијата

Уште еден чекор кон електрификацијата

Саемот на потрошувачка електроника CES во Лас Вегас беше место каде Kia го промовираше својот нов електричен концепт
Објавено на 10 јануари 2018 година

Корејската Kia има јасна визија за мобилноста во иднината, која чекор по чекор ја остварува. Таа во голема мерка е базирана на електрификацијата, заради што и најновиот концепт беше токму таков. Го носи името Niro EV и според нивните зборови веќе е подготвен за сериско производство кое ќе стартува кон крајот на годинава. Оваа најава сама по себе заинтригира бидејќи Niro EV се карактеризира со некои решенија кои не се среќаваат кај актуелната гама. Прво што се забележува е дизајнот кој располага со помеки и попријателски линии, Kia Niro EVза разлика од сегашните кои се агресивно нагласени. Маската е заменета со дисплеј на кој ќе се испишуваат пораки, бидејќи во догледна иднина треба да располага со автономни можности. Друга иновација е напредниот систем за осветлување наречен Motion Graphic, кој засега е целосна мистерија. Повеќе детали се познати за погонскиот систем, составен од електромотор од 150 киловати и литиум-полимер батерии кои овозможуваат автономија од 383 километри.

Внатрешноста е целосно дигитализирана, изведена во минималистички стил. Управувачот е исполнет со сензори кои ќе ги детектираат гестикулациите со кои се контролираат разни функции на возилото. Препознавањето на гласовните команди е дел од новиот интерфејс за комуникација, кој овозможува возилото само да ги прилагоди поставките кои возачот претходно ги има зададено – седиштето, ретровизорите, климатизацијата и друго. Од Kia уште најавија и дека планираат до 2025 година да понудат вкупно 16 електрифицирани возила, меѓу кои и со погон на водород.

Kia Niro EV

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER