Volvo FH Electric е прогласен за камион на годината
За прв пат во историјата освојувач на титулата е електричен камион
Според мислењето на меѓународното стручно жири, Volvo FH Electric е прогласен за меѓународен камион на 2024 година. Во образложението на оваа одлука жирито посебно ги пофали перформансите, беспрекорното забрзување, ниското ниво на бучава и отсуството на вибрации. Титулата и не е изненадување бидејќи со воведувањето на FH Electric во производство, Volvo Trucks има најсовремена понуда на електрични камиони, погодни за широк спектар транспортни операции, што е доказ дека енергетската транзиција дури и во овој посебно изискувачки сегмент е сé позасилена.
Оваа титула е четврта за овој камион на Volvo – секоја негова досегашна генерација ја освојуваше. Тој е еден од најуспешните камиони на пазарот, со продадени скоро 1,4 милиони примероци ширум светот. Volvo сега во понуда има шест електрични модели и држи монополски 49 отсто од пазарот во Европа.