Нашминкана за пролет
Од вториот квартал на следната година доаѓа Yaris опремен во GR Sport стил.
Gazoo Racing опремата може да се препознае, меѓу другото, по ексклузивната надворешна двобојност со црни акценти. Решетката на ладилникот со форма на саќе и 18-инчните алуминиумски тркала со црвени украсни линии ја нагласуваат врската со одделот за моторспорт Gazoo Racing. Како што доликува Yaris GR Sport го движи најсилниот термички мотор предвиден за него, 1,5-литарскиот бензинец кому, опционално, може да му помага хибриден погон.

Во верзијата со чисто согорување, рачниот менувач има автоматско прилагодување на брзината при менување преноси. Предното и задното потпирање се подобрени така што амортизерите подобро и побрзо реагираат на движењата на каросеријата. Покрај тоа, пружините на задната суспензија се оптимизирани за да го потиснат нишањето на телото и да го зголемат контактот со подлогата. Дополнителните воздушни дефлектори во лаковите на предните и задните тркала ја подобруваат аеродинамиката. По Новогодишните празници Toyota ќе излезе со дополнителни детали околу цената и опциите.









