Нови вредности

Со лансирањето во Јапонија, несомнено дека Toyota наскоро ќе го претстави Yaris Cross и на европскиот пазар

објавено 01. септември 2020

Големата популарност на спортско-корисните возила ги мотивира и традиционалните производители да забрзаат со комерцијализација на изведби од овој сегмент. Првично за пазарот за земјата на изгрејсонцето Toyota го пушти во продажба моделот Yaris Cross кого го задвижува бензински мотор а како што налага имиџот на марката има и хибридна верзија Зголеменото растојание од тлото не е само во функција да потсетува на теренец.

Оваа верзија на Yaris може да се пробие на подлоги надвор од асфалтот благодарение на својот систем за пренос на силата на сите тркала. Yaris. Тој овозможува одлични перформанси за возење во урбани услови па се до терен. Моделот со бензински мотор и погон на сите тркала има избор на три однапред подготвени програми на прилагодување на условите на подлогата. За они што ќе се одлучат за хибридната изведба резервиран е електричен систем за пренос на силата на сите тркала (E-Four). На предната оска се пренесува силата од моторот на внатрешно согорување додека на задната од електро моторот кој е сместен во задниот дел. Иако мал по димензии Yaris Cross има заштитничка улога кон патниците. На таков чекор Toyota се одлучи бидејќи се поголем број купувачи, без оглед на возраста, се одлучува да купуваат компактни и суб компактни спортско-корисни возила. Toyota safety Sense е збир на повеќе безбедносни системи кои дејствуваат обединето. Меѓу другото во него се вбројува модерна асистенција при паркирањето заедно со радарска контрола на крстосувањето со подршка на возење зад друг автомобил и адаптибилни долги светла.

Со овие остварувања Yaris Cross ја обновува традиционалниот концепт на мало спортско-корисно возило ставајќи ги во преден план возните својства, доверливоста и безбедноста со што ќе ги потенцира вредностите на урбано ориентираните крос-овери со индивидуалност и стил како за возачот така и за патниците. Кога Toyota Yaris Cross ќе се промовира на стариот континент не е објавено, но не би требало патот до европскиот пазар да трае подолго од две години.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER