Toyota најави електричен SUV за салонот во Шангај

Top News Вести Новитети

Што е ова, никој не знае

За разлика од сите, Кинезите ги одржуваат своите салони на автомобили

објавено 16 март 2021

Toyota соопшти дека наредниот месец на салонот на автомобилите во Шангај ќе настапи со целосно електричен SUV базиран на e-TNGA платформата. Јапонците овој модел го потврдија уште при крајот на минатата година, кога беше најавен под ознаката BZ, како кратенка од Beyond Zero. За него се претпоставува дека ќе биде го големина колку актуелниот RAV4, но заради новата платформа со поголемо меѓуоскино растојание ќе има попростран ентериер. Платформата е развиена во соработка со Subaru, а ќе има способности на неа да бидат поставени модели со погон на предните, задните или сите четири тркала. И батериите кои ќе бидат сместени во неа ќе можат да бидат со различен капацитет, заради што за овој модел засега ништо не може да се претпоставува.

За повеќе детали ќе мора да почекаме до 19 април, кога започнува салонот на автомобилите во Шангај. Засега е сигурно само дека новиот електричен SUV на Toyota ќе се произведува во Јапонија и дека ќе се продава и во Европа. Кога ќе стигне на пазарот, не е познато.

 

клучни зборови: ,