Toyota Hilux » Нов изглед, нов мотор, нови способности

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Нов изглед, нов мотор, нови способности

Легендарниот пикап сега е поспособен и изгледа подобро

Објавено на 5 јуни 2020 година

Осмата генерација на Toyota Hilux која се појави пред 5 години доби сериозно дотерување. Предниот дел има изменети маска и светла, а браник поинакви отвори за воздух. Задните светла се ЛЕД, тркалата од 17 и 18 инчи се со нов дизајн а палетата бои е проширена. За внатрешноста е предвиден нови инфо-забавен систем а опремата е збогатена со нови безбедносни системи и асистенти за возачот. Најголемата измена е во просторот за мотор каде сега се наоѓа 2,8 литарски дизел со 204 KS и 500 Nm. Преносот може да биде преку шестстепен мануелен или автоматски менувач, само на задните или на сите четири тркала. Модификации доживеа и ослонувањето а кабината како и досега доаѓа во три изведби.

Обновениот Hilux кој за европскиот пазар се произведува во Јужна Африка, ќе започне да се продава веќе идниот месец.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 90.00 ден
  • еуросупер 98 - 92.00 ден
  • еуродизел Д5 - 90.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER