Старо име, нов познаник
Додуша и тој е стар но не до толку за така да го наречеме
Објавено на 2 октомври 2018 година
Toyota Corolla се врати на сцената – отсега натаму познатото име ќе го носи и европскиот Auris. Неговата хечбек верзија која ја видовме пролетва во Женева тука во Париз му правеше друштво на караванот, кој исто така ќе доаѓа во бензинско и хибридно издание. Дизели ќе нема, но затоа ќе има мноштво нови технологии. Да ја погледнеме новата Corolla.
Видео