Toyota Camry се враќа во Европа
После 14 година отсуство, Toyota повторно ќе го нуди големиот Camry во Европа
Објавено на 5 октомври 2018 година
За да го задржи своето присуство во Д-сегментот, место пензионираниот Avensis Toyota во Европа го враќа Camry. Конструиран како модел претежно наменет за американскиот пазар, уникатноста му е во тоа што ќе биде достапен само како хибрид – 8-ми по ред во понудата на Toyota во Европа. Неговиот 2,5 литарски мотор со 218 коњски сили електрично засилен со уште 88 kW е способен да помине 100 километри со 4,2 литри гориво, притоа испуштајќи едвај 98 g/km CO₂. Цената не му е позната, а продажбата ќе започне на почетокот на 2019 година.
Овој модел, сега во својата осма генерација, за прв пат се појави во 1982 година откога е продаден во повеќе од 19 милиони примероци.
Видео