Toyota – bZ4X

насловна Новитети

Шангај како пресвртница

Со концептот bZ4X Тоуота го претстави своето прво електрично возило

објавено 20. април 2021

Салонот на автомобилите во Шангај е место за претставувањето на првото потполно електрично возило на Тоуота. Ова е своевидно изненадување бидејќи пионерот во комерцијализација на хибридниот погон доцни неколку години со ваков модел. Изненадува и името на концептот бидејќи повеќе наликува на математичка формула отколку име на автомобил. Како што објаснуваат Јапонците, првите две букви највауваат дека се работи на возило со батерии и нула издувни гасови додека останатокот го нагласува погонот на сите тркала.

Студијата е развиена заедно со Субару и се очекува да започне со сериско производство во средината на 2022 година. Изгледот во голема мерка е пресликан од успешниот кросовер CH-R. Првото потполно електрично возило на Тоуота се базира на модуларната платформа е-TNGA специјално развиена за електрични возила со батерии. Сепак, Јапонците сè уште молчат за точните карактеристики на погонот на струја. Изјавија дека електричните мотори на предната и задната оска треба, во комбинација со моќна високонапонска батерија, да обезбедат „конкурентен опсег“. Дури најавуваат интегриран систем за соларно полнењекое има за цел да ја зголеми автономијата. Концептот bZ4X е првиот модел од новото електрично портфолио на Toyoтa. Јапонската автомобилска групација планира да воведе вкупно 15 електрични возила на батерии на светскиот пазар до 2025 година, вклучително и седум модели „bZ“.