Toyota – Новиот Prius доаѓа наскоро

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Модерен и шокантно кул!

Денеска толку популарните и општо прифатени хибриди влечат корен од Toyota Prius, кој е првиот сериски хибриден автомобил и го отвори патот на сите останати…

Како што беше најавено, во Toyota City, пред само неколку часа беше претставена петтата генерација на Prius, иконата на компанијата. Улогата на мразокршач и трасер на патот за сите останати хибриди што сега на големо се произведуваат од скоро сите автомобилски производители Prius ја одигра маестрално.

Дека сѐ уште цврсто го држи статусот и водечката улога помеѓу останатите покажува петтата генерација кој помина низ темелен редизајн кој е искористен да се направи, како што потенцираат од таборот на Toyota, темелно рафиниран стилски и возен перформанс испорачани во колоритно и возбудливо пакување. Легендарниот Prius се појавува под слоганот „Hybrid Reborn“, на што е додадено „волшебни возни перформанси“.

Според фотографиите се забележува дека покрај смелиот преден дел, модерниот заден дел и новата внатрешност, традицијата на лифтбек силуета беше внимателно запазена. Составен да има хибриден погон од петта генерација и да ја размрда модуларната платформа TNGA од втората генерација, целосно новиот Prius ќе се нуди со 1.8 и 2.0 литарски бензински мотори.

Toyota останува верна на самонапојувачкиот хибрид (HEV) на кого е додаден приклучен хибрид (PHEV). Што се однесува до сочните детали за погонот, Toyota ја прелеа чашата само за 2,0-литарските HEV и PHEV верзии, со комбинирана моќност до 193 коњски сили што е зголемување за 60% во однос на претходникот.

Во меѓувреме, PHEV добива системска моќност од220 КС, подобрување на опсегот за 50%, соларен систем за полнење од втора генерација кој може да собере струја за поминување до 1.200 километри годишно, плус способност за спринт до 100 км/ч за 6,7 секунди. Верните поклоници на пионерот се прашуваат кога ќе се појави на улиците, а одговорот не беше прецизен, но беше децидно кажано дека прво ќе се лансира во Јапонија, а во втората фаза ќе следат Северна Америка и Европа. Најверојатно прво ќе настапи HEV верзијата во текот на зимските месеци, а на пролет 2023 година PHEV изведбата.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER