Толту Моторс викенд

Викендот помина во знакот на Great Wall Motors

Како што веѓе најавивме, овластениот увозник на Great Wall Motors, компанијата Толту Моторс, организира викенд исполнет со тест возења на најновите производи на реномираниот кинески производител на возила. Дополнително засилување на најавените Wey 03 и електричниот Ora 03 беше Wey 05, кросовер со маркантна појава и опременост.

Иако се уште во повој, пазарот на електрични возила полека почнува да се разигрува. Главна пречка за популаризацијата на БЕВ кај нас се нивната цена и инфраструктурата за полнење. Симпатичната и богато опремена Ora 03 не е евтина бидејќи се позиционира во компактната класа и нуди два капацитета на батерии, од 47 и 63 kWh од кои влече погон за поминување до 310 километри според WLTP.

Ora 03 не се наѓа во друштвото на спринтери. Од моторот силен 126 коњи забрзува до стотка за 8,6 секунди и бележи максимални 160 км/ч, но за возврат нуди опременост достојна на било кој ривал. Во второто ниво на опременост со помалата батерија чини 38.000 евра што е во опсегот на адекватните модели на традиционалните производители.

Покрај кожениот ентериер и вентилација на седиштата и два дисплеи од 10,25 инчи, листата на опременост содржана е од сите замисливи асистенти при возењето со кои управувањето се доведува на ниво на безгрижно користење. Кросоверите се најпопуларната категорија возила на пазарот. Со желба да парира во бараните сегменти, марката Wey нуди два модели со иста моторизација.

Кај двата понуден е погон на предните и на сите тркала и високо ниво на опременост со сите системи за асистенција на возачот, активна и пасивна безбедност. Двоецот кросовери модерно е дизајниран и делува атрактивно. Основа на погонот е дволитрениот турбо бензински мотор со директно впрскување кој испорачува 204 КС кому му помага приклучен хибриден систем со две изведби. Преносот на силата се одвива преку девет степен автоматски менувач со двојна спојка.

Првиот има електро мотор на предната оска (163 КС), додека на вториот е додаден уште еден електро мотор на задната оска од 184 КС. Во првата изведба се добива системска моќност од 367 односно 442 коњи кај изведбата со погон на сите тркала со подеднакви 500 Nm за двете изведби. Благодарение на батеријата од 34 kWh има електрична автономија до 136 километри. Помалиот Wey 03 со неговите 4,6 метри должина нуди доволно простор за семејните и деловните потреби за патување.

Забрзува за 6,6 или 4,8 секунди во верзијата со два електро мотори. За оние што им треба повеќе простор потребите ќе ги задоволи поголемиот Wey 05 кој е за 28 сантиметри подолг и значително поширок и повисок од 03. Кај него стандарден е погонот на сите тркала. Приклучниот хибрид испорачува 476 КС и 847 Nm, а од стоечка позиција до 100 км/ч забрзува за пет секунди. Цената му изнесува од 55.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER