Турција го фаќа светскиот тренд
Инвестиција тешка 3,7 милијарди долари за национална автомобилска компанија за електрични возила
Специјално од Турција: Окан Алтан
Објавено на 20.07.2020
Привлекувајќи големо внимание во целиот свет, турската национална автомобилска компанија TOGG одржа церемонија на градење на своите производствени капацитети во Бурса Гемлик со учество на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. TOGG измина долг пат во однос на инженерството на производите и развојот, производните капацитети и селекцијата на добавувачи. Започна градењето на објектот кој ќе биде креиран во согласност со концептите на „Паметни“, „Еколошки“ и „Сè што е под еден покрив“.
Во првиот комплекс на TOGG, кој ќе биде завршен за 18 месеци, првиот производствен автомобил мора да биде готов пред последниот квартал на 2022 година. Вработувањето во компанијата ќе започне во почетокот на 2022 година, планираното производство треба да достигне 175 илјади единици годишно а бројот на вработените ќе достигне 4300. Давајќи информации за објектот за време на церемонијата, извршниот директор на TOGG, г. Гуркан Каракаш, рече: „Откриваме производство на нашите батерии и модуларни пакувања уште од почетокот на производството. Зголемувањето на индексот за локализација на брендот се зголеми за 73 проценти за кратко време и ова нè поттикна да продолжиме со брендот TOGG. За време на пандемискиот период, продолживме со истражувањето на потрошувачите и инженерството, како дел од нашите планови и ја завршивме работата во овој календарски период. TOGG (Türkiye’nin Otomobili Girişim Grubu A.Ş.) е потполно турска компанија за автомобили, основана како заедничко вложување во 2018 година од групата Anadolu, BMC Turkey, Kök Group, Turkcell и Zorlu Holding кои се клучни акционери во главната институција ТОББ.
Секоја компанија има 19% удел и ТОББ има удел од 5%. Според првичните информации, првиот модел на компанијата има електричен мотор 150 kW (200 КС), дизајнот е на Pininfarina, батеријата се очекува да има капацитет нешто под 80 kWh, по состав литиум-јонска со полнење на брз полнач со моќност од 150 kW и се проценува автономија од 300 до 500 км со едно полнење.


