Две третини сопственици на Tesla не се враќаат на електрични автомобили
Иако Tesla долги години важи за пионер на масовната електрификација, сé уште не може да ги придобие своите купувачи како треба. Звучи неверојатно, но една анкета во САД покажа дека две третини од сопствениците на неговите автомобили не се враќаат на електричните возила. Конкретно, 51 отсто од некогашните купувачи на Tesla како нареден свој автомобил избрале бензинец, 10 отсто се определиле за хибрид, а 6 отсто за плаг-ин модел. Сепак колку и да звучат алармантно овие бројки, не можат директно да се поврзат со Tesla – причините дали купувачите на калифорниската марка не се задоволни од неа или пак генерално од електричните возила, инфраструктурата за нив или пак од нешто трето, во анкетата не се образложени.