Засега само за Кина, но можно е да биде понуден и на други пазари
Се зборуваше подолго време дека се подготвува но тоа со ништо не можеше да се поткрепи. Сега веќе е јасно – Tesla поднесе барање за хомологација на продолжена верзија на модел Y. Креиран со фокус за локалниот пазар, има продолжено меѓуоскино растојание за 150 mm, поголема должина за 179 mm а височината порасна за 44 mm. (до 1.668 мм). Карактеристичниот профил на каросеријата е задржан, но има поголеми задни врати. Зголемени се и стаклата зад нив како и вратата од багажникот. Ентериерот не е покажан но е потврдено дека ќе има шест седишта распоредени во три реда. Според податоците од барањето за хомологација има погон на сите тркала и малку посилни електромотори – со 193 коњски сили напред и 269 назад, односно вкупно 462.
Официјалната презентација е планирана за наесен до кога ќе се знае дали ќе биде понуден и на други пазари.



