Tesla Model Y » Апсолутен хит на повидок

Top News Новитети

Апсолутен хит на повидок

Првите испораки се очекуваат веќе  наредниот месец

Објавено на 4 февруари 2020 година

Започна производството на компактниот кросовер на Tesla, Model Y, кој дефинитивно ќе биде апсолутен хит. На тоа посочуваат бројни факти меѓу кои и цената која му е поставена на 39.000 долари. Прототипот на Tesla Model Y беше покажан пред една година, кога беше најавено дека ќе започне да се произведува кон крајот на 2020 година. Но нетипично за Tesla, место да дојде до одложување на најавеното, се случи спротивното – овој доста интересен модел за пазарот стигна побргу до сериското производство од најавеното. Засега не е јасно како Елон Маск успеа да ги забрза работите, но тоа и не е битно. Битно е дека првите примероци веќе се симнати од производствените ленти на фабриката во Фримонт, Калифорнија, како и дека од идната година неговото производство ќе започне во новата кинеска фабрика на Tesla. Битно за нас во Европа е што во план е негово производство во фабриката во Берлин, кога ќе биде готова.

Според официјалните податоци, Tesla Model Y во зависност од верзијата има автономија меѓу 370 и 500 km.

 

клучни зборови: ,