Tesla – Произведено шест милионитото возило

Tesla достигна уште една пресвртница, произведувајќи шест милиони возила, 16 години откако го лансираше својот прв модел, Roadster, во 2008 година.

Ова достигнување означува значаен момент за производителот на електрични возила. Шестмилионитото возило е Model Y, најпродаваниот автомобил на планетата. Минатата година Tesla продаде 1,23 милиони од нив.

Сепак, и покрај овој успех, Tesla се соочува со неколку предизвици на почетокот на 2024 година. Интересно е што компанијата не го користи потполно својот производствен капацитет. Лани во март Tesla го произведе четири милионитиот автомобил, а во септември стигна до пет милиони. Сепак, падот на продажбата на БЕВ во првиот квартал и пазарните притисоци би можеле да го објаснат намаленото производство.

Шест милиони возила се многу повеќе од кој било друг производител на електрични автомобили. Производството на Cybertruck би требало да се зголемува во текот на 2024 година, а новиот Model 3 може да му помогне на брендот да ја зголеми продажбата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER