Tesla од идната година започнува со намалување на обемот на производството Cybertruck во матичната фабрика во Тексас. Како протагонист на една од најнеобичните епизоди во автомобилската историја, овој пикап со вселенски изглед и монструозни перформанси пристигна на пазарот пред три години.
И покрај цените од кои болеше глава реакцијата на купувачите беше фантастична. Но само на почетокот – пазарот како брзо да се засити од неговите остри линии и каросерија од нерѓосувачки челик. Првите предвидувања за производство на 250 илјади примероци брзо паднаа во вода.
Cybertruck никогаш не ги исполни амбицииte на Tesla. Маск е разочаран што бројот на регистрации изнесуваше само 80.136 возила во периодот од лансирањето на моделот во 2023 година до септември 2026 година. Капацитетите во фабриката во Тексас кои досега беа резервирани за Cybertruck ќе бидат пренаменети за автономниот Cybercab.
Илон Маск најави дека со инвестиција од три милијарди евра ќе се изгради нов објект во рамките на германската фабрика на Tesla, во близина на Берлин, каде се произведува Model Y, со цел да продолжи поизводството на Cybertruck, но овој пат како европски производ.


