Перформансната изведба на T-Roc има 333 коњи, дрифт мод и под хаубата крие нешто што нема дури ни Golf R.
Иако тоа VW не го спомнува, неофицијално, T-Roc е директен ривал на Mini Countryman JCW. Изненадувачки е што од добро познатиот дволитарен четирицилиндерски турбо-бензински мотор доби еволуција со важни дополнувања за да ги задоволи строгите стандарди за емисија на штетни гасови Euro 7.
Едно од тие решенија е 48-волтен благ хибриден систем, а другото е електрично придвижуван компресор. Внимателните следбеници на VW ќе забележат компактниот кросовер има исто толку сила како и Golf R но легендарниот брат ги нема дополнителните технички решенија.
Вртежниот момент од 420 Nm е исто така идентичен, но достапен е во опсегот од 1.900 до 5.250 вртежи во минута. Седумстепениот менувач со двојна спојка е дел од стандардната опрема. Според производителот, забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае точно 5 секунди. T-Roc R доби „паметен“ заден диференцијал, сличен на оној кај Golf R, кој може да пренасочи до 100% од достапниот вртежен момент кон надворешното задно тркало.
Уште една интересна карактеристика е специјалната R секвенца при стартување на моторот. Ако го задржите копчето за стартување на моторот притиснато најмалку 1,5 секунди, а потоа ја притиснете педалата за сопирачка, бројот на вртежи ќе скокне до 3.000 во моментот кога моторот ќе се запали.
Ова сигурно ќе ви се допадне, особено ако се одлучите за опционалниот спортски издувен систем од Akrapovič, иако вашите соседи веројатно нема да бидат воодушевени. Моделите со ознака R на VW обично имаат подискретен изглед во споредба со нивните спортски ривали, а T-Roc R не е исклучок. Иако има бројни детали кои укажуваат на високи перформанси, тие се прилично суптилни.
Сè додека не ги забележите четирите издувни цевки на задниот дел, лесно би можеле да помислите дека пред вас е само модел со R-Line пакет опрема, кој само имитира спортски изглед. Изведбата R стандардно доаѓа со сини сопирачки клешти и 19-инчни алуминиумски тркала.
Штом ќе влезете внатре, ќе забележите прагови со логото R, спортски седишта обложени со комбинација од ткаенина и велур, како и волан со ознака R, кој вклучува посебно копче за режимот на возење R. Тука се и металните педали, графика специфична за моделот R на дигиталната инструмент-табла, како и големи рачки за менување брзини зад воланот.
Фокусот на перформансите е очигледен, но VW сепак задржува доза на елеганција. Volkswagen T-Roc R пристигнува на европскиот пазар во 2027 година.


