Познат датумот на претставувањето
Дали вака ќе изгледа, ќе дознаеме на 21 ноември
Објавено на 7 ноември 2019 година
Елон Маск во свој стил го најави пикапот на Tesla, нарекувајќи го Cybertruck. Неговиот твит е премногу краток за да сфатиме дали тоа е официјалниот назив на моделот кој ќе биде претставен близу до фабриката на SpaceX. Тоа, заедно со неговиот изглед ќе ги дознаеме на 21 ноември – ова што го гледате се само одлично направени рендери од талентирани дизајнери, кои не се базирани на ништо што Tesla има објавено или Маск кажано. Она што тој го има кажано е дека како пикап ќе биде подобар од Ford F-150, а на пат побрз од Porsche 911. Ќе има место за шест лица, автономија од 800 km и цена од 50.000 долари.
Cybertruck unveil on Nov 21 in LA near SpaceX rocket factory
— Elon Musk (@elonmusk) November 6, 2019