Tesla има шест полначи во Македонија!
Објавено на 24 септември 2019 година
Веста дека Илон Маск го најави доаѓањето на Tesla во Словачка, Хрватска и Србија нé предизвика да провериме до каде се плановите и за кај нас, а откривме дека Tesla има шест полначи во Македонија! Не е шега, вистина е, но се работи за гратчето Македонија во Охајо, САД, кое има 12.000 жители. Има и фотографија, која навистина изгледа како да е снимена тука… За Нашата Македонија сé уште фигурираат плановите за отворање суперстаница за полнење во Скопје, без наведување конкретен датум кога тоа би се случило.