Tesla започна да ги реди полначите и во блиското соседство

Top News Занимливости

Tesla започна да ги реди полначите и во блиското соседство

Кога ќе дојде на ред и Македонија?

Објавено на 11 март 2020 година

Балканските земји останаа едни од малубројните во Европа во кои досега Tesla немаше свои суперполначи. Ги нема ни во Грција и Бугарија, а најблиските до нас беа во Хрватска и Словенија. Затоа и веста која стигнува од Србија дека на паркингот пред Ikea во близината на Белград се монтираат 4 суперполначи за автомобилите на Tesla привлекува внимание. Но истовремено отвора и прашање кога тие ќе стигнат и во Македонија? Американскиот производител тоа го најави уште пред неколку години истовремено кога и за Србија, но досега нема никаков абер за тоа кога ќе започне да се реализира овој план.

 

клучни зборови: