Suzuki – Мали електрични возила со помош од Toyota

Лекции по технологија од големиот брат

Suzuki Motor сака да учи од партнерот Toyota како да ја алицира технологијата за БЕВ за да конструира мали електрични возила

На саемот во Њу Делхи Suzuki го претстави концептот eVX, кросовер на електричен погон со најава дека производството би започнало во 2025 година. Растечкиот пазар во Индија е примамлив за многу марки, а Suzuki планира најавениот eVX да го призведува таму.

За тоа е испланирана инвестиција во висина од 1,3 милијарди долари за да се реализира производството на возилото но и батериите неопходни за него. Со ова Suzuki потврдува дека Индија ќе биде стожер за идните БЕВ на јапонскиот производител. Suzuki е мнозински сопственик на Maruti и е соочен со сé поголемата конкуренција од ривалите, купувачите бараат поголеми автомобили, а регулаторните тела изискуваат побезбедни и еколошки возила.

Сето ова ги зголемува трошоците а пазарниот удел на Suzuki во Индија, кој во 2019-тата беше повисок од 50 %, сега е намален под 43%. Според претседателот Тоширо Сузуки, компанијата гледа потенција да го врати изгубеното пазарно учество во Индија со производство на мали и компактни автомобили, но и кросовери како и електрични возила. За овие последните знаењата и технологијата со кои располага Suzuki не се доволни па затоа побара помош од Toyota која поседува 4,89% од помалиот производител. По претпазливиот старт со БЕВ, Toyota ја ревидира својата стратегија и ќе го зголеми волуменот на производство на овие возила.

Засега Toyota има само еден потполно електрично возило, кросоверот bZ4X, но до 2026 година во Европа ќе има уште пет адекватни модели под суб брендот bZ. Не е исклучено електричните модели што ќе бидат произведувани во Индија Suzuki да ги претстави и на други пазари, осбено во Азија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER