SUV чиј кум заслужува чeстење
Познат по своите спортски модели Beast и Beast Alpha, Rezvani Motors наскоро ќе започне и со испорака на теренецот Tank
Објавено на 18 август 2019 година
Кумот на овој SUV навистина заслужува дебело чeстење – подобро име не можеше да најде. Инспириран од воените возила но наменет за цивилна употреба, Rezvani Tank е првото во светот урбано тактичко возило. Калифорнискиот бутик-производител на егзотични возила го опишува како екстремно возило за секаква употреба. Аглестите линии, малите бочни прозорци и невообичаените површини му даваат дури и космички изглед. Има 4 врати и простор за 5 патници, на кои освен луксузниот ентериер на располагање ќе им бидат термичкиот систем за ноќно гледање и опционалното балистичко блиндирање. Дека не е сé само шминка докажува 6,2 литарскиот Chrysler V8 мотор со 1.000 коњски сили, 4×4 погонот, големиот клиренс и грубите тркала кои ги гарантираат екстремните off-road можности. Екстремна е и цената која се искачува и до 350.000 долари. На располагање е и со поскромни моторни опции со кои чини половина од тоа.
Видео