Subaru, Toyota и Mazda – Заедничка електрификација на постоечките мотори на согорување

Во својот стремеж за јаглеродна неутралност Subaru, Toyota и Mazda заеднички ќе развиваат нови мотори за ерата на електрификација

Нивните производи задоволувајќи ги единствените потреби на купувачите во согласност со барањата на пазарот, сепак ќе останат препознатливи за марките. Тоа значи дека Subaru и натаму ќе биде посветен на боксер конфигурациите, Toyota на редните четирицилиндрични агрегати а Mazda на ротационите мотори.

Заедничко ќе им биде интеграцијата со електромоторите, батериите и контролните единици која компаниите здружено ќе ја оптимизираат. Понатаму додека трае трансформацијата на возилата кон комплетно електричен погон овие мотори со внатрешно согорување ќе станат компатибилни со разните јагленородно неутрални горива, вклучително и водородот. Со ваквиот начин на размислување се зголемуваат можностите за намалување на трошоците како за развој така и за набавка на компонентите.

Меѓу ретките технички  детали кои се наведуваат во заедничките изјави на одговорните од јапонските производители е дека новите агрегати освен поефикасни и посилни ќе бидат и покомпактни од постоечките, со што ќе се овозможи поаеродинамичен дизајн на возилата. Очигледно, се создава една нова иднина на јапонската авто-индустрија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER