Ssangyong – опипување на иднината

насловна Поглед во иднината

Korando го крши мразот!

SsangYong Motor преку две скици го најави дизајнот на својот нов кросовер.

објавено 30. јули 2021

Под кодното име X200, новиот модел ќе ја носи новосоздадената визија и филозофија на марката, претставувајќи ја вредноста и идната насока на нејзините нови производи. „Powered by Toughness“ (Напојувано од цврстина) е филозофија што ја нагласува важноста што SsangYong во иднина ќе ја дава на дизајнот. Можеби токму тоа беше слабата точка на кореанците во изминативе децении, но полека и тоа ќе се „пегла“.

Затоа изгледот ќе се базира на четири столба. „Робусна архитектура“ која ја следи структурната форма. „Неочекувана радост“ апелира на различен стил на живот, нудејќи забава и возбуда. „Vibrant Contrast“ ги изразува оригиналните карактеристики на цврстиот теренец преку контрастот помеѓу естетските елементи на боја, текстура и моделирање, додека „Причеста со природата“ е наменета да се усогласи со природниот свет. Новиот поход започнува со Korando и ќе го следат во тоа новата генерација на Х200 како и неодамна објавениот електричен модел J100.