Среќен роденден Mini (3*видеа)

Малиот автомобил кој ја промени историјата

Легендарниот Mini денес го прославува 65-тиот роденден. Претставен на 26 август 1959 година како Morris Mini-Minor и Austin Seven, брзо ја стекна својата популарност. Славниот мал автомобил долг само 3,05 и широк 1,4 метри имаше неверојатна пространост благодарејќи на обликот, попречно поставениот мотор, предниот погон, малите 10-инчни тркала и уникатното ослонување. Овој еден од најзначајните автомобили во историјата е дело на талентираниот конструктор Алек Исигонис, кој за своето дело ја доби титулата Сер. Беше задвижуван со мотор со зафатнина од 848 cm³ и 34 KS кои беа доволни за брзина од 116 km/h. Купувачите беа одушевени и Mini брзо стана глобален хит – покрај во Англија се произведуваше и во Италија, Шпанија, Португалија, Белгија, Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд, Уругвај, Венецуела… Сé до 2000-тата година до кога од монтажните ленти се симнаа повеќе од пет милиони примероци.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER