Sofia Motor Show 2019

Нови марки, револуционерни технологии и многу пријатни изненадувања

Објавено на 1 октомври 2019 година

Од 12 до 20 октомври Интер Експо центарот во главниот град на Бугарија ќе биде домаќин на 24-тиот софиски автомобилски салон. Оваа манифестација традиционално е дел од официјалниот календар на меѓународната организација на производители на моторни возила OICA, кој вклучува само 12 салони во светот годишно. Половина од овие престижни настани во автомобилската индустрија се на Стариот Континент, а само три во земјите на ЕУ. Софискиот автомобилски салон 2019 се одржува само еден месец по најголемата изложба од ваков вид – онаа во Франкфурт и ќе биде последен годинава во Европа, што го прави важен настан за целиот регион. Затоа е прилика што секој што го интересираат автомобилите, без оглед дали е строго деловно или само како страст, нема да ја пропушти. Организаторот очекува повеќе од 60.000 посетители од Бугарија и соседните земји да ја посетат оваа манифестација. Тие сé повеќе се запознаени со најновите модели, но сосема е различно кога можат да ги видат лично и на едно место детално да ги споредуваат, да се консултираат со специјалисти, па дури и да ги тестираат, за што на располагање ќе бидат над 150 автомобили.

На неа своето учество го потврдија Alfa Romeo, Audi, BMW, Citroen, Dacia, Fiat, Ford, Great Wall, Haval, Honda, Hyundai, Mahindra, Jaguar, Jeep, Kia, Land Rover, Lexus, Mazda, Mercedes, Mitsubishi, Sin, Nissan, Opel, Peugeot, Renault, SsangYong, Škoda, Subaru, Suzuki, Toyota, Volvo… Вкупно 36 марки, меѓу кои, за прв пат во историјата на софискиот автомобилски салон ќе учествува и Rolls-Royce. Покрај новите учесници, годинешниот салон во Софија ќе привлече и многу технолошки фанови и ентузијасти кои копнеат кон нови технологии во мобилност. Количината на алтернативни погони – електрични, плаг-ин хибриди и меки хибриди, само ќе се зголеми. Посетителите ќе можат да откријат и да научат како иновациите во електрониката и погонот го менуваат светот на транспортот. Исто така, дел од изложбата ќе бидат и производителите на сервисна опрема, резервни делови, пневматици, масла, авто-додатоци, безбедносни системи, аудио системи, како и компании за лизинг, банки, осигурителни компании и други.

Софискиот автомобилски салон 2019 е во организација на здружението на производители на автомобили и нивните претставници во Бугарија. Организаторите за годинава имаат обезбедено и бројни атракции, многу забава, пријатни изненадувања и награди за посетителите. Некој од нив ќе има неверојатна шанса да освои и нов автомобил – сè што треба да направи е да се пополни прашалник и да се посочи сопствениот избор од автомобилите понудени како награда, кои ќе бидат од околу 35.000 бугарски лева односно 18.000 евра, но со еден исклучок – интересниот SsangYong Tivoli Comfort кој чини скоро двојно повеќе – 63.000 лева односно 32.000 евра. Цената на влезницата е 10 лева за време на работните денови и 12 лева за на викендите, а паркингот е достапен на самото место за 1 лев на час.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER